ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Перински: Градоначалниците на Струмица и Карпош да ја преиспитаат одлуката за излегување од ЗЕЛС

Перински: Градоначалниците на Струмица и Карпош да ја преиспитаат одлуката за излегување од ЗЕЛС

Министерот за локална самоуправа Златко Перински ги оквалификува како негативни најавите за напуштање на ЗЕЛС од страна на општина Струмица и Карпош и вели дека од овој чекор би настрадале граѓаните од општините кои ќе си заминат. Перински очекува да Костадинов и Јакимовски да ги повлечат одлуките и да продолжи правилно да функционира Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Тој вели дека отфрлањето на проектот на Струмица не било на политичка основа, а доказ за тоа се прифатените проекти на неговите колеги од истата партија.

Advertisements

Во врска со обвинувањата дека власта не дават поддршка на Струмица која се соочува со недостиг на вода за пиење, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски рече дека обврската за обезбедување вода за пиење ја имаат самите општини.

Градоначалниците на Струмица и Карпош најавија напуштање на ЗЕЛС. Но, првиот човек на Заедницата на единиците на локалната самоуправа Орце Ѓорѓиевски ги повика да ја преиспитаат одлуката. Тој подвлече дека вратата е отворена за сите и за секој проблем може да се најде решение./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button