СПОРТФОРМУЛА - 1

Џорџ Расел, втор пат во една недела предизвика голем инцидент

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел втор пат во една недела предизвика голем инцидент. Откако имаше излетување во квалификациите за ГН во Остин, сега заврши во заштитната ограда на тренинг пред квалификациите во Мексико.

Advertisements

Во деветата кривина Расел загуби контрола над својот болид и заврши во оградата со што тренингот предвиден за тестирање на новите пневматици на Пирели беше одложен извесно време.

Последниот слободен тренинг е закажан за денеска од 19 часот и 30 минути, а квалификациите започнуваат од 23 часот. Неделната трка е со почеток од 21:00.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button