ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зголемен бројот на лица со настинки и заразни болести

Бројот на луѓе погодени од вирусните настинки расте. Најранливи се пациентите со слаб имунитет и оние со белодробни заболувања. Местата каде што вирусите ги има најмногу се затворените простори, како што се училиштата, градинките и јавниот превоз.

Advertisements

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира за вакцинација против грип за лицата со хронични заболувања.

„Во следниот период продолжува процесот на вакцинација за сезонски грип и нашиот апел како институција е лицата над 65 години, децата од 5 до 9 месеци, оние со хронични заболувања, бремените жени и медицинските работници да го користат правото на вакцинација“, велат од ИЈЗ.

Лекарите велат дека колективниот имунитет опаѓа, што влијае на ослабнување на имунитетот на организмот. Затоа, лекарите препорачуваат повеќе храна богата со витамини и облека која е прилагодена на дневните температури.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button