Ботаничкиот парк во Карпош остана изборно ветување на хартија

На локалитет од шест хектари во Општина Карпош, пред многу години беше ветено дека ќе стане ботанички парк каде што ќе има растенија од различни видови.
Изградбата на зелениот парк пред населеното место Карпош 4 беше предвидено да се изгради до 2025 година со цел зголемување на зелените површини за 15%. Во координација со Град Скопје беше предвидена изградба на ботаничка градина и рекреативни објекти на површина од 60.000 м2, Дел од граѓаните кои често поминуваат го заборавија ветувањето за паркот од соништата.
Со изградба на ботаничкиот парк беа предвидени многу спортски и забавни активности. Но, кога станува збор за реализација на проектот, испративме прашања и до Општина Карпош и до Град Скопје. Од Општина Карпош ни рекоа дека чекаат одговори од Град Скопје.
„Општина Карпош пред година и пол достави до Град Скопје проект со параметрите за изградба на наведениот паркот. Советот на општината ги донесе сите потребни одлуки за да му овозможи на градот да го реализира овој проект на територијата на Општината. Засега немаме информации зошто не е започната изградбата на паркот“, велат од општина Карпош.
Од градот Скопје не добивме никаков одговор во врска со овој проект, кој беше промовиран пред многу години во политичката кампања од страна на тогашниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.
Ботаничкиот Парк во Карпош 4 би бил местото каде граѓаните од општината би поминувале поголем дел од денот, за разлика од сега кога се плашат да поминат на тоа место поради големиот број кучињата скитници и змии.
Авни Тахири