ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево време со мала облачност и температура до 25 степени

Сончево време со мала облачност и температура до 25 степени

Времето утрово по одделни котлини и речни долини е со услови за појава на магла. Преку денот, според најавите на УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Advertisements

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност, освен во среда кога ќе има услови за повремен локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневната температура ќе биде без значителни промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button