ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Минчев: Постојат две можности делот за правична застапеност да биде имплементиран во законите

Постојат две можности делот за правична застапеност да биде имплементиран во законите. Првата е во Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се во фаза на разгледување, а втората е да се оди со посебно законско решение кое што ќе биде разгледувано во Собранието, порача денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Advertisements

Нагласи дека Министерството за јавна администрација во моментов не изработува такво законско решение и додаде дека не треба да се брза со носење на едно вакво законско решение. Се уште, посочи, немам видено нацрт-верзија од нашите коалициски партнери, но се надевам, убеден сум и сигурен дека во Владата има политички капацитет да се најде едно законско решение кое што на крајот ќе биде пратено до Венецијанската комисија со цел да биде квалитетно, да биде спроведливо за да не се најдеме повторно во состојба Уставниот суд да укинува одредени членови или, пак, одредби од постојните законски решенија.

-Има можност на два начини да се донесе тоа законско решение, бидејќи е уставна категорија, а тоа е делумно во овие законски решенија коишто практично се на јавна расправа, но и со правење на нов закон за правична застапеност на етничките заедници, рече Минчев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button