ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се надевам во Бугарија ќе се формира влада со која ќе најдеме решение за одблокирање на нашиот пат кои ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи ги изборите во Бугарија, истакна дека се надева дека во соседната државата ќе се формира влада, со која ќе може да седнат и да најдат решение за одблокирање на патот на земјата во ЕУ.

Advertisements

Очекува Влада од најмалку три партнери, а за победата на партијата ГЕРБ, предводена од Бојко Борисов, повтори дека тие се од исто семејство, односно од Европската народна партија.

-Очекувам влада која што ќе има најмалку три партнери. Бројките варираат 67 или 70 пратеника има коалицијата ГЕРБ – СДС, исто така тука е коалицијата Демократска Бугарија и Промените продолжуваат која што очекувам да има меѓу 44 и 47, така што во суштина без тие две не може да се направи влада. Е сега ќе видиме како таму ќе се развиваат работите. Се надевам дека ќе има влада, дека ќе нема осми избори по ред и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме нашиот пат, патот на Македонија кон ЕУ, изјави Мицкоски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button