
Припадници на полициски сили од 18 земји заплениле повеќе од 14 милиони евра во акцијата ДЕКОЈ, во координирана акција на Европол со полициите на Шпанија, Португалија и Австрија, соопшти денеска Европол.
Заедничката акција на царината и полицијата е спроведена во рамки на акцијата ЕМПАКТ, чија цел е борба против дистрибуцијата на фалсификувани банкноти и метални пари преку поштенските услуги низ цела Европа, се наведува во соопштението.
Меѓу земјите кои учествуваа во операцијата беа припадници на полицијата и царината на Австрија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Турција. и Обединетото Кралство.