ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истрагата за пожарот во кој изгореа 200 автомобили, тапка во место

Истрагата за пожарот во кој изгореа 200 автомобили, тапка во место

И по два месеци од пожарот кој зафати три автоплацеви во струшкото село Велешта, полицијата и Обвинителство се уште не кажуваат кои се причините за пожарот, во кој што изгореа повеќе од 200 возила, некои од нив и во возна состојба.Двете институции меѓусебно си ја префрлуваат топката.

Advertisements

„Од Основното јавно обвинителство Струга се издадени сите потребни наредби во насока на утврдување на причините за пожарот и идентификација на евентуален сторител на кривично дело. По наредбите постапува Министерството за внатрешни работи“, велат од ОЈО Струга.

„Сите понатамошни мерки со цел расветлување на настанот и пронаѓање на сторителот се одвиваат по насоки и упатства од Јавниот обвинител.Истрагата продолжува“, велат од ОЈО Охрид.

Сопствениците на возилата за Алсат во септември кога се случи пожарот рекоа дека автомобилите не биле осигурани и оти дел од возилата биле на нивни клиенти, кои ги донеле кај нив за замена на делови. Се сомневаат дека пожарот бил намерно подметнат и оти за само половина час изгорело се.

„Пожарот тргнал од кај Црни Дрим и за неколку минути стигнал до куќите и автомобилите.Околу 95 % од автомпбилите кај мене се изгорени.Некои се со мотор, некои без мотор, а некои се во возна состојба. Претоставуваме дека штетата е околу 400.000 евра.Имаше и нови автомобили, како А осмица, Ц класа,комбиња, Ауди А5“, нагласи Амди Хани-сопственик на автоплац.

„Намерен е пожарот. Пожарникарите имаат камери и гледале некои работи, а никој не реагираше. Кажуваат го гледавме пожарот од другата страна. Општината е виновна. Треба да има поефикасни возила пожарникарски, хидранти, повеќе треба да инвестира во овој дел“, изјави Љуши Хани-сопственик на автоплац во Велешта.

Од полицијата тогаш рекоа дека излегле на терен, направиле увид и констатирале дека на три автоплацеви изгореле стотина автомобили. Неколку граѓани завршија и во болница поради чадот кој го вдишале, а навреме биле спасени објекти кои се наоѓаат во нивна близина./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button