По меѓународниот фактор, Ахмети испрати писмо до премиерот
По меѓународниот фактор, Ахмети испрати писмо до премиерот

По писмото упатено до меѓународните претставници и властите во Албанија и Косово, лидерот на ДУИ Али Ахмети со писмо му се обрати и на премиерот Христијан Мицкоски. Опозиционерот Ахмети, појаснувајќи му го на Мицкоски геополитичкиот контекст на настаните во Украина, влијанието на Кина, и настаните на Балканот, во Босна, Косово и во Србија, нагласува дека периодот е исклучително чувствителен за земјата и дека секое нарушувањето на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија. Тој вели дека е загрижен за прашањето на балансерот и законот на јазиците, и го повикува Мицкоски разумност.
Писмо на Али Ахмети до Христијан Мицкоски
„Ве повикувам да размислите разумно и со одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во Северна Македонија. Иднината на нашата земја мора да се гради врз основа на соработка и меѓусебно почитување, а не поделеност. Секој чекор што ги руши овие темели е штетен за иднината на нашата држава и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност“.
Сепак, премиерот Мицкоски рече дека се уште не го добил писмото од, како што рече, од граѓанинот Али Ахмети. Премиерот рече дека откако ќе го прочита внимателно, ќе коментира.
Ахмети кон меѓународниот и внатрешниот фактор, упатува писма во период кога ДУИ ја почна кампањата на средби со граѓаните на кои артикулира обвинувања кон власта./Алсат.мк
Суад Бајрами