Стратуваа градежните работи за изградба на Коридот 8
Стратуваа градежните работи за изградба на Коридот 8

По повеќе од две години стагнација, поради експропријација на земјиштето, денеска продолжија работите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од проектот Коридор 8, кој го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека со почетокот на работите на терен се затвора темата за Коридорот 8 и таа повеќе не е политичка, туку важна економска тема за државата.
„Мислам дека темата за коридор 8 како политичка тема денеска е затворена. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развој на државата за економски развој и не се сомневам дека со Бектел и Енка во наредните недели ќе бидеме сведоци на реализација на проектот“, рече Изет Меџити- вицепремиер.
На овој настан учествуваше и американската амбасадорка Ангела Агелер, која рече дека почетокот на работите е јасен и видлив сигнал за партнерството меѓу Македонија и САД.
„Нема повидлива демонстрација на партнерството меѓу САД и РСМ од фактот дека ги гледаме овие столбови кои што може да се види на теренот и сведочат за овој проект. Се работеше многу, и сакам да се заблагодарам на Владата за пристапот да продолжи ова, бидејќи како што кажавме, ова е придобивка за граѓаните и ќе помогне за нови инвестиции и трговија. Кога големите компании ќе видат реализација на ваков проект, тоа ќе биде доказ дека треба да инвестираат во земјава“, изјави Ангела Агелер- Амбасадор на САД во РСМ.
Директорот на „Државни патишта“ Коце Трајановски рече дека досега е завршена половина од постапката за експропријација на имотот, притоа додавајќи дека до крајот на годинава овој процес ќе биде целосно завршен со што ќе се овозможи „Бехтел и Енка“ да работи без проблеми на терен./Алсат.мк
Башким Сулејмани