МАКЕДОНИЈА

Лажна дојава за бомба во фабрика во скопски Илинден

Тревога за поставена бомба утрово добија вработените во фабрика во скопската населба Илинден, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Пораката дека во објектот на фабриката е поставена експлозивна направа стигнала на службен маил. Случајот до МВР го пријавила вработена во правниот субјект.

Од МВР информираат дека екипи на СВР СКопје и на Единицата за антитероризам веднаш се упатиле во фабриката.

„По извршените проверки не е пронајдена експлозивната направа. Костатирано е дека станува збор за лажна пријава“, се вели во соопштението на МВР.

Според информациите на дел од медиумите, станува збор за фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона во населбата Илинден во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button