ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Директорот на Пошта вели дека има долгорочен план за излез од кризата

Директорот на Пошта вели дека има долгорочен план за излез од кризата

Генералниот директор на Македонска пошта, Орхан Куртиши во изјава за Алсат нагласува дека е запознаен со катастрофалната состојба на условите за работа во Логистичкиот центар на Пошта во Скопје. Куртиши вели дека има план за излез од кризата.

Advertisements

„Дефинитивно, имаме план и тоа долгорочен план, како што реков, за излез од кризата. Во планот за излез од кризата беше внатрешната итна реорганизација. Втората главна поента е да извршуваме услуги кон граѓаните, односно да нема застој во испорака на писма, пакети или нарачки. Се трудиме најдобро што можеме, но тоа навистина не зависи од нас. Имаме и долгорочен план, но долгорочно повеќе точки се предвидени кои треба да се следат додека да се спроведе, но знаеме дека без помош на владата, ние не можеме“, рече Орхан Куртиши, директор на Македонска пошта.

Куртиши вели дека приоритет е да се исчисти листата на фиктивни работници, кои не доаѓаат на работа, а примаат плата.

„Мојот приоритет е да ја исчистам листата на фиктивни работници кои не доаѓаат на работа. Постојат такви. Сè уште ги откриваме бидејќи сум на почетокот на оваа задача и мислам дека ми треба повеќе или помалку време за да ја скенирам состојбата 100%, да видиме што ќе се случи. Тоа не значи дека ќе имаме кратење во делот на работниците, но мислам дека ни треба добра реорганизација која ќе ги пополни позициите каде ни недостигаат“, нагласи Орхан Куртиши, директор на Македонска пошта.
Македонска пошта низ годините работи со загуба, а граѓаните не се задоволни од обезбедените услуги./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button