Реџепи Зејд поднесе иницијатива за Законот за попис: „Противуставно е граѓаните да се делат на резиденти и нерезиденти“
Реџепи Зејд поднесе иницијатива за Законот за попис: „Противуставно е граѓаните да се делат на резиденти и нерезиденти“

Пратеникот на Европскиот фронт, Скендер Реџепи, до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценка на методологијата за пописот на населението, иако пописот беше спроведен пред три години. Прашан зошто токму сега поднесува ваква иницијатива, Реџепи објаснува дека сега се чувствуваат последиците бидејќи при искористување на средствата од општините но и при вработување процентот на заедници се базира само на резидентното население.
„Законот е донесен во Собрание, методологијата е во надлежност на Заводот за статистика. Последиците од тоа не беа познати додека не дојде моноетничката власт со моноетничкиот и антиалбанскиот легитимитет каков што е оваа власт во моментов. И да беше пропуст, без сомнение беше пропуст на претходната влада, но тоа не значи дека овој пропуст не треба да се коригира. Уставниот суд има моќ да ги исправа направените пропусти и грешки. Подобро подоцна отколку никогаш да се исправи пропустот и грешката„, рече Скендер Реџепи – пратеник ДН.
Реџепи ја поднел иницијативата во свое име и не ги известил коалициските партнери од Европскиот фронт.
Во поднесената иницијатива Реџепи смета дека членовите 6, 8, 9 и 51 од Уставот како и членот 6 од Законот за попис, кој предвидува попис на сите граѓани, без разлика дали се во земјата или во странство за време на период на регистрација, се засегнати. Во јануари 2021 година, Собранието со 62 гласа „ЗА“, без ниту еден против и ниту еден воздржан го изгласа законот за попис на населението. Законот го помина и бадентеровото мнозинство./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу