ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Влада даде зелено светло за буџетот 2025

Влада даде зелено светло за буџетот 2025

Владата даде зелено светло за Предлог-буџетот за следната година, со кој, според министерката за финансии, се поставуваат основите за стабилизација на јавните финансии и економскиот развој.

Advertisements

Приходите во буџетот за 2025 година се предвидуваат да бидат за 13 отсто поголеми од годинава, додека расходите за 10 отсто. Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 отсто, буџетскиот дефицит 4 отсто, а инфлацијата 2,2 отсто.

Министерката за финансии рече дека во буџетот за наредната година се предвидени повеќе средства за блок дотации за општините, за плати – особено за раст во основното и средното образование како и во здравството. Според Кочоска, ситуацијата бара штедење, но ќе се постапува внимателно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button