ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Магливо утро, преку ден сончево со температури до 24 степени

Утрово има појава на слаба магла, а преку ден ќе биде сончево со мала облачност, информира Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во планинските делови ќе зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб и до умерен ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а максималната од 15 до 24 степени“, се вели во соопштението од УХМР.
Во Скопје наутро има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде сончево. Ќе дува слав ветер од северен правец.
Максималната температура во Скопје ќе биде до 20 степени.