СПОРТФУДБАЛ

Конте: Лукаку сакаше да игра во Наполи, иако имаше побогати понуди

Наполи вчера го победи Милан со 2-0 на Сан Сиро и се зацврсти на врвот во Серија А, Ромелу Лукаку беше стрелец на еден од погодоците. По заминувањето од Рома, желбата на Лукаку беше јасна, сакаше преселба во Наполи и повторно да работи со Антонио Конте.

Advertisements

Напаѓачот имаше понуди од разни места, од големи клубови во Премиерлигата, богатите Саудијци му нудеа огромни пари за да се пресели кај нив, но тој сакаше да игра за Наполи и на крајот стигна до таму.

„Ромелу Лукаку одби понуди од Премиерлигашки клубови и чекаше до август за да се пресели во Наполи. Тој силно сакаше да работи со нас и тоа е фантастично. Тој е одлично момче и врвен фудбалер,“ вели Конте.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button