ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ужас во Битола, маж еден час ја тепал поранешната партнерка, таа си ги исекла вените, но насилството продолжило

Основното јавно обвинителство Битола отворило постапка против 39-годишен жител на градот, осомничен дека лишел од слобода и нанел телесна повреда на својата поранешна партнерка.

Advertisements

Како што информираат од Јавното обвинителство, настанот за кој се товари битолчанецот се случил на 21 октомври во неговата викендица во селото Нижеполе.

„Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото“, стои во соопштението од ОЈО.

Жената, се додава во описот на случајот, неможејќи да го издржи насилничкото однесување, посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. По ова, осомничениот продолжил свирепо да ја удира жената со што и нанел повеќе телесни повреди.

Судијата, како што се додава, го прифатил предлогот за определување мерка притвор, но поради тоа што осомничениот е во бегство, таа ќе почне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button