ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Обвинителството да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на новиот директор на АНБ

Скандалот со поставувањето директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) станува се поголем, реагираат од опозицискиот СДСМ од каде го повикаа Јавното обвинителство да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Бојан Христовски.

Advertisements

„Откако Мицкоски ја киднапираше АНБ, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата ‘Јулија ЦО ЛТД’ од Пловдив, Бугарија. Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени. Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски?“, прашуваат од СДСМ.

Од најголемата опозициска партија го повикаа министерот Тошковски „да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните“, како и Јавното обвинителство да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button