МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да истражи каде завршиле три милиони евра од набавката на уред во МЕПСО

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за време на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ) во компанијата МЕПСО постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра.

Advertisements

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека компанијата под раководство на лица од СДСМ и ДУИ склучила договор за набавка на уред за три милиони евра поскап од предвидениот План за развој, што самите го донеле.

„Под водство на Зуди Енуз од т.н. фрон т на ДУИ и поставен од СДС во јуни годинава МЕПСО склучил договор со албанска фирма ‘Шанси Инвест‘ за набавка на уред за корекција на напонски профил на трансформаторска станица. Во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година, буџетот предвиден за уредот за корекција изнесува 2,8 милиони евра, а во договорот склучен со фирмата истиот уред изнесува 5 864 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од предвиденото“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button