МАКЕДОНИЈА

Зајкова: Одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во телевизиско интервју посочи дека постапката за уставните измени може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле во сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија.

Advertisements

„Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не нѐ спречува ние да ги спроведеме уставните измени, односно ја почнеме постапката за донесување на уставните измени, за да стигнеме до таа последна фаза за уставниот закон, каде што самите предвидуваме кога истите би стапиле во сила. Точка 4 се однесува на тоа дека Македонија треба да ги спроведе уставните измени, точка 6 е дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција без политичка одлука откако ќе го завршиме процесот на уставни измени согласно домашната процедура. Тоа остава можност за пошироко толкување, кое што нѐ води до она одложено дејство за кое што зборуваме и дека тука, ако тоа ни се позициите, треба да изградиме сите заедно една државна позиција дека да, еве ние сме ја завршиле нашата обврска, меѓутоа истите ќе стапат на сила откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, ќе гласаат за“, појаснува Зајкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button