ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судир меѓу Филипче и Мицкоски на седницата за одговорност на владата

Евроинтеграциите, уставните измени, Договорот за коридорите 8 и 10-Д со Бехтел и Енка, но и изборот на директор на Агенцијата за национална безбедност, беа најжешките точки на релација власт-опозиција на седницата за прашања на пратениците. Лидерот на СДСМ Филипче го обвини премиерот дека нема конкретен план за деблокирање на евроинтеграциите. Тој рече и дека Мицкоски води дволична политика откако признал се што критикувал додека бил во опозиција.

Advertisements

Мицкоски одговори дека има план и дека тоа што СДСМ не успеа да го направи додека беше на власт, ќе го направи новата влада.

Премиерот на барањето Филипче за оставка одговори со понуда да си ги измерат силите на избори.

Договорот со Бехтел и Енка беше следна точка на судир.

Лидерот на опозицијата обвини и дека именувањето на Бојан Христовски на позицијата директор на Агенција за национална безбедност е незаконско, бидејќи тој нема релевантен сертификат за познавање англиски јазик, но и дека не ги исполнува условите за стаж. Мицкоски ги негираше обвинувањата.

Мицкоски меѓу другото обвини и дека додека бил во опозиција власта со дрон ја следела неговата куќа во Прилеп.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button