ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почина Зоран Василевски-Фаци

По долго боледување, утринава почина македонскиот естраден новинар и водител Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци.

Advertisements

Информацијата ја објави неговиот соработник и пријател, јутјуберот Стефан Лазаров.

„За жал, ова утро во 6:40 часот почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот, тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам. Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“, напиша Лазаров во објавата на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button