Зголемени контролите во националниот парк „Шар Планина“ против дивата сеча
Зголемени контролите во националниот парк „Шар Планина“ против дивата сеча

По вообичаениот состанок, веднаш ги преземаа задачите, заминаа на терен, каде што ги прават соодветните дневни проверки. Но денеска во друштво на директорот на Националниот парк „Шар Планина“ е и шумарскиот инженер Анела Ставреска.
„По координативниот состанок во канцелариите на паркот и добивањето на задачите, заедно со ренџерот и двајца шумарски инженери, заминавме како група во правец на селата Бродец, Вешале и Бозовце, на општ мониторинг, но особено за бесправна и редовна сеча за жителите на планинските села“, рече Ибрахим Дехари, директор на Националниот парк „Шар Планина“.
Првично контролата започна во околината на селото Бродец.
„Нелегалната сеча во минатото беше многу поголема, но како нова институција сега вршиме зголемени проверки. Но, се уште има диви дрвосечачи. Оние што ги идентификуваме, ги стопираме и ги процесуираме предметите на суд и за нив има одредени мерки. Веќе има осудени. Мал е нивниот број, а со мали количини од еден до три метри годинава има околу 12 случаи. Овој феномен е веќе променет, бидејќи само жителите можат да сечат во државните шуми, а другите не“, додаде Ибрахим Дехари, директор на Националниот парк „Шар Планина“.
Намален е бројот на диви дрвосечачи, бидејќи помагаат мештаните, кои, според директорот Дехари, го информираат надлежните за секоја незаконска активност што ќе ја приметат.
Последниот случај беше жител на Шипковица, а покрај дрвата му било одземено и возилото.
„Случајот кога правевме контрола во Шипковица, фативме две лица кои незаконски сечеа дрва. Ние ја направивме процедурата, дури повикавме полиција, која направи својата процедура. Потоа обвинителството отвори случај“, изјави Фариз Фаризи, чувар на националниот парк.
Нелегалната сеча не е единствениот проблем со кој се соочуваат чуварите на националниот парк. Проблем сам по себе и доста голем е и ловот во подрачјето на националниот парк, кој иако е целосно забранет, сепак има прекршители на ова правило.
МАКНашата екипа не наиде на диви дрвосечачи,но не секој ден е толку мирен, велат од Националниот парк „Шар Планина“. Инаку, секоја година на Шара незаконски се сечат стотици метри кубни дрва, кои главно се користат за затоплување, но штетите од неконтролираната сеча често доведува до поплавување на населбите./Алсат.мк
Авни Тахири