ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Затворските власти признаваат дека имале одредени проблеми со прекинот на струјата
Затворските власти признаваат дека имале одредени проблеми со прекинот на струјата

Затворските власти признаваат дека имале одредени проблеми со прекинот на струјата, но велат дека работат на негово санирање.
Од таму информираат дека парното е веќе пуштено. Што се однесува до прашањето за храната, од затворот велат дека само еднаш дневно има готвена храна, но затворениците секој ден добиваат по нешто за појадок и вечера, како и по еден леб дневно.
Затворските власти дополнително појаснуваат дека престојот до 5 лица во една соба е поради големиот број затвореници и ограничените капацитети на затворот. Во затворот Идризовo во моментов казната ја издржуваат над 80 жени, додека ова е единствениот затвор за жени во државата.