
Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претстојните претседателски избори, Камала Харис, им изјави на новинарите дека гласала на изборите, така што неодамна го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија, каде што е регистрирана како гласач.
„Всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта.Така што, јас гласав, им рече Харис на новинарите во Детроит“, објави Си-Ен-Ен.