ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

СДСМ во Собранието поднесе закон за укинување на ДДВ на основните прехранбени производи

Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието.

Advertisements

Со овие промени, како што велат од СДСМ, ќе има реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка.

„Во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ за прехранбените производи, односно од 5 отсто на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, рече денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче кој на прес-конференција го претстави предлог-законот.

Според него, ако се земе предвид тоа што учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23 илјади денари, ефектите од намалувањето на ДДВ на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 000 денари месечно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button