ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Напади врз новинари-случаите бавно се процесуираат

Напади врз новинари-случаите бавно се процесуираат

Во 2024 година во земјава се забележани четири посериозни прекршувања на правата на новинарите, бројни онлајн закани и осум таканаречени слеп тужби. Ова се податоците презентирани од страна на Здружението на новинари на Меѓународниот ден за ставање крај на злосторствата против новинарите. Една година откако со измените на кривичниот законик напад врз новинар се третира како напад врз службено лице и натаму имаме случаи кога новинари се жртви на напади – Екипа на ТВ Алсат додека снимаше, беше вербално и физички нападната од жителе на Галате, минатата недела беше запалено возило на новинар од Штип, а пред неколку дена новинарката на Слободен печат беше неовластено снимена и следена. Од државното Обвинителство ветуваат дека ќе има разрешница за овие случаи и дека по законските измени преземаат пообемни дејствија во делот на заштита на новинарите.

Advertisements

“Во четири Јавни Обвинителства низ државата – Скопје, Штип, Битола и Тетово се назначени обвинители кои го следат постпаувањето на предметите поврзани со нарушување на безбедноста на новинарите.
Министерот за внатрешни работи пак, Панче Тошковски, рече дека во наредниот период кон овие предмети ќе се постапува со посебно внимание”, рече Љупчо Коцевски, државен Јавен обвинител.

„Во иднина мораме да се фокусираме максимално, транспарентно, максимално посветено и максимално професионално да реагираме на сите овие случаи. И тоа да не биде само еден така памфлет на убави зборови„, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Во последните три години во цел Западен Балкан регистрирани се 633 напади врз новинари./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button