ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Северна Македонија е помеѓу умерено и добро ниво на подготвеност во областа на статистиката

Северна Македонија е помеѓу умерено и добро ниво на подготвеност во областа на статистиката, оценува Европската комисија во Извештајот за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година.

Advertisements

Годинава, како што соопшти Државниот завод за статистика, е констатиран дополнителен напредок во Извештајот на Европската комисија за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок.

-Оценката во Извештајот е уште една потврда дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ, се наведува во соопштението.

Сите овие резултати и високи постигнувања, како што посочуваат од Државниот завод за статистика, се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button