МАКЕДОНИЈА
Приведени двајца дрвокрадци во Ресенско, следува соодветна пријава

Во атар на ресенското село Болно, вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Д.(47) од Ресен и Т.Д.(45) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека при контрола на трактор со приколка, кој го управувал С.Д., а сопатник бил Т.Д., биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувале никаква документација. Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.