
Корејската ѕвезда од редовите на Тотенхем, Хеунг Мин Сон, официјално го продолжи договорот со „петлите“ и ќе се задржи во тимот најмалку до јуни 2026 година.
Информацијата е потврдена од скоро сите релевантни англиски медиуми, а навивачите се задоволни од потписот и се радуваат што еден од нивните најдобри играчи останува во таборот на Анге Постекоглу.
Сон е една од најголемите ѕвезди во тимот, а за Тотенхем досега одигра 310 натпревари и постигна 140 голови во сите конкуренции. Клупската управа мораше бргу да реагира затоа што претходниот договор на Кореецот беше со важност до крајот на оваа сезона.