СВЕТ

Дортмунд: Македонски државјанин со нож ја усмртил партнерката пред очите на трите малолетни деца

Во Дортмунд, Германија, триесетгодишна жена била брутално убиена од својот поранешен партнер кој ја нападнал со месарски нож во присуство на нејзините три деца. По нападот, сторителот побегнал, оставајќи ја жената тешко повредена во ходникот. Децата, на возраст од 3, 4 и 6 години, побарале помош од соседите, кои ја известиле полицијата, јави „Билд“.

Advertisements

Според информациите на германскиот весник, мажот бил македонски државјанин и тој по нападот побегнал, најверојатно тргнал за Македонија, но полицијата го упасила на автопатот Вирцбург. Тој моментално е во притвор во Нирнберг, а подоцна ќе биде префрлен во Дортмунд.

Како што пишува „Билд“, двојката неколу пати била викана на суд поради семејно насилство. Жената планирала да се раздели од насилниот партнер и да започне нов живот. На крајот на октомври, таа конечно се преселила во нов стан во Дортмунд во Северна Рајна-Вестфалија со нејзините три деца.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во детска клиника. Се вели дека се неповредени. Ќе бидат однесени кај семејството на нивната мајка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button