Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами смета дека нема потреба за вонредни парламентарни избори. Ваков е неговиот одговор на новинарско прашања денескa откако за вонредните парлaмeнтарни избори во своите изјави побараа политичари од опозицијата.
– Ние работиме интензивно во делот на реализација на нашите проекти. Оваа Влада е на почеток на својот мандат, има консолидирано мнозинство, не гледам потреба од вонредни парламентарни избори. Не гледаме некоја консолидирана опозиција која би нè предизвикала за такви избори. Повеќе тоа го гледаме како нели моментален крик на опозицијата која се обидува да преживее во овие тешки моменти за нив. Оваа влада има консолидирано мнозинство и работи сериозно во реализација на предизборната програма, истакна Биљал Касами.