Владејачките партии се повлекоа од идејата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните

Парламентарното мнозинство нема намера да ја исполни желбата на опозициските партии за одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. Иако Мицкоски од Собранието минатата недела изјави дека се подготвени да излезат на избори, денеска рече дека ниту СДСМ, ниту ДУИ не се подготвени за избори.
Билал Касами од ВРЕДИ рече дека коалицијата веќе почнала да се координира за престојните локални избори, а целта е повторно да се тркаат како коалиција.
„На Северна Македонија не и требаат предвремени парламентарни избори, бидејќи имаме стабилно мнозинство. Владата сериозно работи на реализација на проектите што ги ветивме на изборите. Во оваа фаза опозицијата е дезориентирана и не знам какви избори треба да имаме“, рече Касами.
Од СДСМ велат дека 65% од граѓаните не се задоволни од досегашната работа на Владата, затоа се потребни нови избори, додека ДУИ продолжува да ја нарекува Владата моноетничка и без легитимитет.
Зекирија Хаџиу