СПОРТФУДБАЛ

Флик со нов рекорд, Кунде co три асистенции се запиша во историјата во ЛШ

Барселона има одлични резултати под водство на германскиот стратег Ханси Флик, а тоа го потврди со триумфот против Црвена Звезда од 5-2 во Лигата на Шампиони. Каталонскиот гигант во првите 16 натпревари оваа сезона постигна дури 55 голови, и тоа за првпат во нивната историја.

Advertisements

Ханси Флик го надмина претходниот рекорд на Фердинанд Даучик од сезоната 1950/51 кога Барселона постигна 54 погодоци.

Од другата страна францускиот дефанзивец Жил Кунде запиша дури три асистенции за каталонскиот гигант и така се најде во специјално друштво, односно тројца други дефанзивци на кои им успеало такво нешто.

Од сезоната 2016/17 само четворица дефанзивци запишале по три асистенции, а тоа се Жорди Алба против Тотенхем во 2018, Ашраф Хакими против Атлетико во 2018, Жоао Кансело против Клуб Бриж во 2021 година и Кунде против Црвена Звезда во 2024.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button