ВЕСТИСВЕТ

Си Ѓинпинг до Трамп: Кина и САД мора да најдат начин за меѓусебно разбирање

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг во порака до новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп вели дека Пекинг и Вашингтон мора да најдат начин за меѓусебно разбирање, објавија утрово кинеските државни медиуми.

Advertisements

Изборната победа на Трамп, како што пишува британски „Гардијан“, е најава за можна промена во односите меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, кои изминатите години беа обременети со тензии околу повеќе прашања, од трговијата до статусот на Тајван.

Во честитката до Трамп, кинескиот претседател истакнал дека историјата досега покажала дека Кина и САД имаат корист од меѓусебна соработка и дека конфонтацијата не им носи добро на двете држави, соопштила кинеската државна телевизија Си-си-ти-ви (CCTV).

„Стабилен, здрав и одржлив однос меѓу Кина и Сад е во заеднички интерес на двете земји и е во согласност со очекувањата на меѓународната заедница“, рекол Си во честитката.

Тој повикал на зајакнуавње на дијалогот и комуникацијата меѓу Пекинг и Вашингтон и правилно менаџирање на разликите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button