
Народната банка ги намали проекциите за економскиот раст, во однос на прогнозите од април минатата година. Економскиот раст, кој до крајот на годината се очекуваше да биде 2,6%, сега падна на 2,3%. И за следната година Народна банка предвидува раст од 3,3%, што е пониско од прогнозата на владата која очекува раст од најмалку 3,6%.
Инфлацијата се очекува постепено да се стабилизира за разлика од претходните години кога го достигна својот пик
Бежовска повика да се внимава со домашните политики за да не се соочиме со нов бран на инфлација. Таа го даде овој одговор на прашањето колку зголемувањето на платите и пензиите во следната година може да влијае на зголемувањето на инфлацијата.
Фатлуме Дервиши