ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Макрон: Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија на патот кон ЕУ, во согласност со нејзините меѓународни обврски

Премиерот Христијан Мицкоски вчера, на маргините на 5. Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон. Како што информираа од Елисејската палата, Мицкоски и Макрон се согласиле за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот.

Advertisements

Макрон, како што додаваат од Елисејската палата, му посочил на Мицкоски и дека Франција ќе го поддржи евроинтегративниот пат на државава, но како што потенцирал, во согласност со нејзините меѓународни обврски.

„Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, во согласност со нејзините меѓународни обврски“, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button