ВЕСТИРЕГИОН

Во Шенѓин, Албанија пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија

Во Шенѓин, Албанија пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија. Ова е втор трансфер на мигранти откако првата група од 12 мигранти беа вратени во Италија поради пресуда на судот во Рим дека нивните земји на потекло, Бангладеш и Египет, не се доволно безбедни за репатријација.

Advertisements

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предвиде два центри во Албанија да собираат до 3.000 мигранти месечно како начин Италија да се справи со пристигнувањето лица кои бараат азил на југот од земјата.

Активистите за човекови права го осудија договорот за мигранти меѓу Албанија и Италија како опасен преседан. Премиерката Мелони, ја критикуваше пресудата на судот во Рим и рече дека сметањето на земјите како Бангладеш и Египет за небезбедни значи дека на сите мигранти ќе им биде забрането да бидат дел од програмата во Албанија, што го прави договорот неостварлив.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button