СПОРТФУДБАЛ

Гуардадо, се повлекува од играњето на 38-годишна возраст

Поранешниот мексикански репрезентативец Андрес Гуардадо, се повлекува од играњето на 38-годишна возраст. Легендарниот мексикански фудбалер веќе овој викенд би можел да го одигра последниот натпревар во кариерата. Тогаш неговиот клуб Леон ќе одигра натпревар во кој ќе се обиде да обезбеди влез во плеј-офот на мексиканското првенство.

Advertisements

Доколку Леон не успее во тоа, Гвардадо ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. Тој минатиот месец на мечот против Соединетите Американски Држави веќе се прости од репрезентацијата на Мексико, каде остави неизбришлива трага.

„Се надевам дека Леон ќе ја освои нокаут фазата во првенството и дека мојата кариера ќе трае барем малку. Како и да е, на крајот од сезоната ќе престанам да играм по 19 години. Без разлика дали тоа ќе биде на следниот натпревар или малку подоцна, ќе видиме“, рече Гуардадо.

Тој играше 182 пати во дресот на Мексико, а на клупски план играше за Депортиво ла Коруња, Валенсија, Баер Леверкузен, ПСВ и Бетис. Оваа година се врати во Мексико и потпиша за Леон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button