ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Правниот факултет беше и остана храм на правото и правдата

Македонската политика не може да се замисли без нашиот факултет: на „Јустинијан Први“ дипломирале четири од вкупно шест македонски претседатели, а двајца, колегата Иванов и јас, биле професори. Од Правниот факултет излегле премиери. Од оваа, за мене, престижна фабрика на знаење, се регрутирале најголемиот дел од администрацијата, судиите, вклучувајќи ги и оние од Уставниот суд, јавните обвинители, адвокати, нотари, како дипломирани правници, магистри или доктори, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето по повод 73-годишнината од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Advertisements

Како што истакна Сиљановска-Давкова, Правниот факултет е родно место и дом на правните, политичките и комуниколошките науки.

-Беше и мој работен и духовен дом четириесетина години. Бројките говорат дека илјадници луѓе поминале дел од својот живот во него: дури 48 000 студенти, 600 магистри, 250 доктори. Дознав дека денес, во оваа корбизијанска, бруталистичка градба предаваат, истражуваат и творат 73 професори и 4 асистенти. Мојата фатална врска со правото ја поттикнаа некои врвни професори по право, токму овде. Иво Пухан, кај кого ја добив првата десетка, Славко Милосавлевски, чија еретичка мисла влијаеше врз мојот хабитус, луцидниот Сократовец, Ѓорѓе Марјановиќ, чија десетка ми беше најомилената, мојот професор Владимир Митков и многу многу други, меѓу кои и некои седат и овде, кои ја поттикнаа мојата љубов кон прекрасната професија. На Правниот факултет поминав немирни, интелектуално богати, инспиративни студентски денови, а мојот професорски живот беше бурен, плоден, компетитивен, иновативен, реформски. Имам среќа да другарувам со умни, критички настроени, конструктивни, посветени и докажани колешки и колеги кои израснаа во почитувани професорки и професори, истакна претседателката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button