Меџити: Институциите кои не комуницираат и на албански, го прекршуваат законот
Меџити: Институциите кои не комуницираат и на албански, го прекршуваат законот

Вицепремиерот Изет Меџити им порача на неговите колеги, министри и директори на водечките институции дека треба да ја почитуваат одлуката на Владата за комуницирање со медиумите, покрај на македонски, и на албански јазик. Прашан за неупотребата на албанскиот јазик од страна на Министерството за јавна администрација, Меџити рече дека ако не ја почитува одлуката, врши прекршување на законот.
„Како комуницирате на македонски? Само на македонски јазик… министерот зборува на македонски или… соопштенија… Во Владата постои став дека двојазичноста треба да се почитува и секое министерство да се води на два јазика. Треба ли да се обраќа и на албански јазик… треба да биде и македонски и албански, ако не го почитува, тоа е законско прекршување “, рече Тонско: Изет Меџити, прв вицепремиер.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, вчера даде свое толкување на законската обврска за комуникација со медиумите на албански јазик, односно рече дека комуникациите на овој министер ќе се испраќаат само на македонски јазик, додека за тие за кои што има потреба ќе им се преведуваат на албански јазик.
Неупотребата на албанскиот јазик е случај во речиси министерства и во оние кои до вчера беа предводени од албански кадри, а каде со промената на министрите се стопираше и употребата на јазикот.
На иста линија е и претседателката, од чиј кабинет исто така не се препраќаат соопштенијата или известувањата и на мајчиниот јазик на Алабнците./Алсат.мк
Суад Бајрами