ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Археолошките наоди во струшкото село Корошиште припаѓаат на илирското племе Енкелејди

Археолошките наоди во струшкото село Корошиште припаѓаат на илирското племе Енкелејди

Археолошките откритија во Струга, во местото Корошиште вчера ги презентираа министерот за култура и археолозите се од VI век п.н.е. Бронзениот шлем, златните прстени, разните садови, металните листови изработени од злато, но и разните форми и украси се пронајдени во склоп на гробиштата кои се ископуваат од 2023 година кога тимот предводен од Перо Арџанлиев ја добил дозволата за ископување. Се започнало во 2020 година, кога Шефит Шемшедини од Корошиште во Струга, додека работел на својата нива, наишол на камења, а потоа открил бронзен шлем, кој го доставил во Музејот во Охрид. Археологот Фитни Далипи, тврди дека овие наоди припаѓаат на илирското племе Енкелејди, кои ги населиле провинциите околу Охридското Езеро и ја создале првата династија на Илирското царство на крајот на 5 век п.н.е.

Advertisements

„Овде се пронајдени досега над 100 артефакти. Дојдовме до заклучок дека овие артефакти припаѓаат на населението кое живеело во басенот на Охридското Езеро, Охрид, Струга, Поградец. Тоа се племето на енкелејдите. Стари се 2.600 години“, рече Фитни Далипи, Археолог.

Вакво наоѓалиште се случува да се пронајде еднаш на 100 години.

„Имаме артефакти од бронза, железо, имаме сребро и злато. Значи, тоа е многу богат гроб, што значи дека населението кое живеело во оваа област било многу економски силно население кое можело да увезува предмети и од странство“, рече Фитни Далипи, Археолог.

Министерот за култура, Зоран Љутков, најнапред им се заблагодари на сопствениците на земјиштето, Букури Шемшедини и Шефит Шемшедини, кои ги детектираа, пријавија и помогнаа во овие ископувања, кои според него се најголемото археолошко откритие Македонија во последните 100 години. Според најавата, наодите ќе бидат конзервирани и испратени во Археолошкиот музеј на Скопје, бидејќи нема услови да се чуваат во Охридскиот музеј.

Она што го привлече вниманието и предизвикува сомнеж дека со наодите може да се манипулира е присуството на Паско Кузман на местото на презентација на наодите, човекот кој во 2016 година беше осуден на затворска казна за продажба на артефакти додека беше директор на Управата./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button