ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството со кое раководи Стоиљковиќ го игнорира албанскиот јазик

Министерството со кое раководи Стоиљковиќ го игнорира албанскиот јазик

Министерството за односи меѓу заедниците, кое е должно да го спроведува Охридскиот договор, не почитува едно од неговите основни принципи, еднаквиот третман на граѓаните. Од доаѓањето на Иван Стоилковиќ на чело, ова министерство го избриша албанскиот јазик од употреба и покрај обврската од член 2 став 3 од Законот за употреба на јазиците.

Advertisements

Чудно е образложението на министерството. Отсуството на албанскиот јазик е поврзан со технички проблем. Но, овој технички проблем се појавува само кога треба да се праќаат соопштенија на албански јазик, бидејќи истите на македонски се испраќаат редовно без проблеми.

„Во однос на прашањето за јазикот на кој се испраќаат изјавите до медиумите, ве известуваме дека не се работи за намерно пропуштање или непочитување на албанските медиуми, туку за технички проблем на кој се работи на моментот и веруваме дека ќе го надминеме што побрзо. Ви благодариме за разбирањето и гарантираме дека комуникациите испратени од МОЗ ќе бидат преведени и достапни и за албанските медиуми“, велат од Министерство за односи меѓу заедниците.

Оваа институција веќе пет месеци не ја почитува ниту другата законска обврска. Членот 6, став 4, во кој се вели дека содржините на веб-страниците на институциите, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, мора да бидат објавени и на албански јазик.
Но, министерството на Стоилковиќ неспроведувањето на законската обврска го правда со технички проблем. Веб-страницата е во фаза на обработка, велат од Министерството, и затоа содржините може да се читаат само на македонски јазик.

„Откако работата на веб-страницата ќе заврши целосно (инаку на самата веб-страница има известување што можете да го видите ако одите во полето за избор на јазик), сите публикации ќе бидат преведени покрај на албански јазик, и на јазикот на сите други заедници кои живеат на територијата на Северна Македонија“, велат од Министерство за односи меѓу заедниците.

Алсат веќе пишуваше дека албанскиот јазик во министерствата се применува по желба на функционерите. Ова го потврди и министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој даде креативна интерпретација на законската обврска за комуникација на албански јазик, поточно рече дека комуникациите на ова министерство ќе се испраќаат само на македонски јазик, додека за оние за кои има потреба ќе се преведуваат и на албански јазик. Во меѓувреме, вицепремиерот Изет Меџити на прашањето за постапките на неговите колеги рече дека сите треба да ја почитуваат владината одлука за комуникација со јавноста на два јазика, а кој не го прави ова, прави законски прекршок./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button