Скопје и натаму е меѓу првите 5 европски земји со најзагаден воздух
Скопје и натаму е меѓу првите 5 европски земји со најзагаден воздух

Скопје и понатаму се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во светот. Денес главниот град е рангиран на 5-то место во Европа, а на глобално ниво е меѓу првите 20. Опозициската СДСМ продолжува да ја обвинува власта дека не презема никакви мерки против загадувањето. Велат дека во опозиција Христијан Мицкоски, ветувал една милијарда евра инвестиции за намалување на загадувањето до 50 отсто, а сега во премиерската фотелја не прави ништо за заштита на животната средина.
Премиерот Хриситјан Мицкоски спасот од загадувањето на воздухот го гледа во начинот на греење, преку гасификација и производство на електрична енергија.
Со почетокот на грејната сезона и со промената на временските услови, имаме драстично зголемување на загадувачките ПМ- честички во воздухот, а не изостануваат и партиските препукувања./Алсат.мк
Линда Ебиби