ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одлуката за избор на членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата е повлечена на ист начин како и одлуката за избор на членови на Советот на јавни обвинители

Одлуката за избор на членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата е повлечена на ист начин како и одлуката за избор на членови на Советот на јавни обвинители

Комисијата за избори и именувања ја повлече одлуката од 4 ноември кога на седницата ги избра членовите на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Причина за тоа е што еден од членовите доставил дел од потребните документи подоцна од крајниот рок на конкурсот. Сепак, претседателот на комисијата, Ѓорѓи Сајкоски, не сакаше да ни даде подетални информации за причините за повлекувањето на одлуката. Оваа точка денеска требаше да се најде на собраниската седница, но беше повлечена од дневниот ред. Законот за заштита на конкуренцијата беше предложен во септември и беше донесен по кратка постапка. Покрај регулацијата на пазарот, законските одредби предвидуваат зајакнување на условите и авторитетот на Комисијата за заштита на конкуренцијата како единствено антимонополско тело во земјата. Органот кој треба да го спроведува законот и да ја штити конкуренцијата има обврска да ги анализира пазарот и да го регулира развојот на пазарот за конкуренцијата да биде ефикасна.

Advertisements

„Комисијата за заштита на конкуренцијата го контролира спроведувањето на одредбите од законот преку анализа на развојот на пазарот со цел спроведување на ефективна конкуренција. Со предложените измени се зајакнуваат капацитетите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, односно (со препорака) предвидено е четворица членови да бидат професионалци во областа, за разлика од досегашните со само двајца членови. Двајца членови мора да бидат дипломирани економисти со најмалку 6 години работно искуство “, стои во Закон за заштита на конкуренцијата.

Алсат на 1 ноември објави дека меѓу пријавените кандидати за оваа комисија, има и такви кои до моментот на затворање на конкурсот не ги исполнувале условите како што се: искуство, професионалноста, познавање на англискиот јазик или дури се членови на политички партии или дел од партиски тела./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button