ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, отповика седуммина амбасадори

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, отповика седуммина амбасадори

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, отповика седуммина амбасадори. Во указите не се наведени причините поради кои овие амбасадори се повлечени, а нема појаснување ниту од Кабинетот на Силјановска.

Advertisements

Станува збор за амбасадори во пет земји и две организации. Меѓу нив е и македонскиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, кој, според одлуката, ќе остане на функцијата до 15 јануари 2025 година, додека на уште шестмина им завршува мандатот на 30 ноември годинава.

Од 1 декември завршува мандатот на Теута Агаи Демјаха, шеф на постојната мисија на Македонија во Организацијата на Обединетите нации во Женева. Меѓу другите повлечени амбасадори се Данчо Марковски од Албанија, Марија Ефремова од Светата столица во Ватикан, Фатон Беита од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари од Катар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button