ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Забрането пиење вода од чешмите во Струга!

Матна вода веќе неколку дена добиваат стружани од градскиот водовод. Ако до пред само десет дена градот и околината имаа проблем со недостиг на вода, сега поради обилните врнежи од дожд, водата од петокот не е за пиење и е со кафеава боја. Стружани се револтирани и бараат одговорност од надлежнисте во општината.

Advertisements

„Не е за пиење. После дожд матна е. Не е дозволиво. Треба тоа некако да се регулира. Кој треба да одговора. Велат дека е криза за вода, дека е сушно време“…

„Одамна кај нас е водата е матна. Ова е катастрофа. Со ова ние си ги ризикуваме здравјето. Општината нема некаков интерес да го реши проблемот. За време на изборите рекоа дека ќе го решат прашањето со вода, но нема ништо“…

„Јавното претпријатие Водовод и канализација тие се надлежни. Кога можат сметките да ги носат и ако закасниш со плаќање имаш камата. Ако ги извршувам обврските према Водовод, треба и квалитетно да ја користиме водата“…

„Деновиве од чешмата има вода, но е матна. Некој можеби пие, но јас не пијам. Јас не пијам од чешма туку купувам и пијам вода. Одговорноста е на оние кои ја менаџираат водата. Тие кои ја менаџираат водата, тие сносат и одговорност“, реагираат граѓаните.

Проблемот со заматувањето на водата од градскиот водовод во Струга е неколкугодишен и се појавува речиси секогаш, кога има пообилни врнежи од дожд. Од Центарот за јавно здравје во Охрид, информираат дека во текот на денешниот ден зеле мостри од вода од струшкиот градски водовод, по што утре ќе соопштат до кога водата ќе биде забранета за употреба и дали е и бактериолошки неисправна. Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека испратиле допис до компаниите кои имале изградено мали хидроцентрали кај изворите кај Горна Белица, односно долж линијата од каде доаѓа водата, бидејќи сметаат дека од таму доаѓа проблемот. Информираат дека сѐ уште на сила е забраната за користење на водата за пиење.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button