РАКОМЕТСПОРТ

Ракометна Федерација ги исплати премиите за репрезентациите

Ракометната федерација на Македонија ги исплати премиите за репрезентациите кои оваа година имаа успешни настапи.

Advertisements

Исплатени се вкупно пет милиони денари од кои по два милиона за машката и женската сениорска репрезентација за обезбедениот пласман на Светското, односно Европското првенство и еден милион денари за машката младинска селекција коja го освои деветтото место на Европското првенство во Словенија.

Машката сениорска репрезентација ќе игра на претстојното Светско првенство во јануари, во Хрватска, Данска и Норвешка. Дамите идниот месец ќе настапат на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, додека деветтото место на младинците им носи учество на Мундијалот во Полска во јуни идната година./Спорт1/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button