
Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди на прес-конференција рече дека некои поединци со дезинформации и расистички написи водат кампања против Клиниката и против него, па дури и злоставуваат деца, пишува Алсат.
Тој рече дека смртноста на доенчињата во оваа клиника е многукратно помала од претходните години. Тој зборуваше и за смртта на 14-месечното бебе за кое рече дека интубацијата не е причина за смртта, додавајќи дека имаат резерви за извештајот на комисијата.